Криел дрога во чорапи и им ја продавал на тинејџери

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Младеновци го уапсило З.Г. од Смедерево, кај кого полицијата пронашла 100 грама марихуана.

Уапсен е во автобус кој одел од Младеновци за Блеград, а во неговите чорапи е пронајден пакет марихуана, со тежина од 100 грама.

Постои сомнеж дека З.Г. ја продавал дрогата на ученици од средно школо кои патувале на таа релација.

Одреден му е притвор од 48 часа, а потоа врз основа на кривична пријава ќе биде спроведен пред јавното обвинителство, поради поседување и продавање на опојни дроги.

 

 

 

21.03.2017 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега