Истрага за смртта на малиот Раде: Два месеци се чекаат резултатите од вештачењето

Основното јавно обвинителство во Лозница се уште не ги добило резултатите од стручното вештачење во случајот со смртта на Раденко Никодиновиќ (8) од Козјак иако пред речиси два месеци (23 јануари) се побарани од Судско медицинскиот одбор во Медицинскиот факултет во Нови Сад.

Иако во наредбата се одредува вештачење на собраната документација, даден е рок од 15 дена, сепак се уште нема повратна информација за овој предмет кој предизвика големо интересирање во јавноста.

Во лозничкото обвинителство велат дека дури кога ќе го добијат наодот можат да ја продолжат работата и да донесат соодветна одула, како и дека ќе настојуваат до наредната недела да исконтактираат со Судско медицинскиот одбор за да ги добијат резултатите од вештањето.

Раденко Никодиновиќ на 2. октомври минатата година при пад ја скриши раката. Прво е згрижен во болницата во Лозницата, а потоа упатен во Белград, каде од сепса починал 6 дена подпцна.

Против ортопедот од Лозница д-р Добривој Бојаниќ Министерството за здравсство поднесе кривична пријава поради несовесно давање лекарска помош во текот на лечењето на Раденко, семејството на детето од првиот ден лекарот го обвинува за смртта на Раденко.

 

 

 

20.03.2017 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега