Станарите во шок, ги затекна ужас пред зграда: Фрлиле куче од петти спрат

Страшен призор на куче кое починало откако било фрлено од петти спрат на зграда, затекнаа вчера жителите на улицата Мариќ Ајнштајн во Нови Белград. 

За трагедијата да биде уште поголема, полицијата се сомнева дека кучето било намерно фрлено.

Работниците кои работеле на зградата рекле дека кучето само се провлекло низ оградата и паднало. Сепак, станарите велат дека не е возможно бидејќи просторот меѓу решетките е многу мал.

Случајните минувачи веднаш притрчале и се обиделе да му помогнат на кучето, но за жал му немало спас.

Полицијата го истражува случајот.

 

 

 

 

20.03.2017 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега