Мистериозната смрт на Десанка остави отворени прашања - сведочела па брутално е убиена

Десанка Милановиќ, 76-годишната жена од Србија чија што смрт е мистерија, на почетокот на месец февруари беше пронајдена мртва во својата куќа. Таа била сведок на судењето на еден близок познаник, за кој нејзините пријателки тврдат дека и бил љубовник.

Професорката го обвинила љубовникот дека тој малтретирал и допирал малолетни девојчиња.

Ова го раскажал таткото на девојчето кое ја имало таа судбина. Ратомир Гачевиќ раскажал дека кога се развел од сопругата, Десанка држела приватни часови математика на децата. Тој тврди дека со Десанка на часовите доаѓал и помлад маж. Дури потоа дознал дека тоа е тој монструм.

Десанка му рекла дека тој започнал врска со неговата поранешна сопруга, а бидејќи неговата ќерка се повлекла во себе, ја дознал страшната вистина. Бидејќи ќерката на Ратомир и раскажала на Десанка дека очувот ја допирал, таа сведочела против него на 10 декември.

Потоа, таа беше убиена со куршум кој дошол однавор, додека седела во својата фотелја, Овој случај и понатаму е мистерија и полицијата работи на него.

 

 

 

 

20.03.2017 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега