Утеха за сите родители: Проблематичните адолесценти прераснуваат во успешни бизнисмени
Две различни истражувања неодамна покажаа дека децата кои се палави во пубертет, подоцна стануваат луѓе кои се успешни во својата работа.
Според студиите направени во САД и Шведска, проблематичните адолесценти подобро поминуваат во животот отколку мирните деца. Истражувањата покажале дека колку децата се попроблематични во пубертет имаат поголеми шанси да станат успешни бизнисмени.
Студиите спроведени во соработка со стотици адолесценти покажаа дека асоцијалноста и недоличното однесување се “виновниците“ кои подоцна ги прават адолесцентите успешни претприемачи.
Голем број од успешните бизнисмени биле проблематични деца, кои им се спротивставувале на своите родители и другите авторитети, а често биле приведувани поради мали прекршоци. Таков пример денес е еден од најбогатите луѓе во светот, сопственикот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс.