Вибер воведува нова функција за своите корисници

 

Популарниот сервис Вибер, уште еднаш ги изненадува своите корисници со опции кои ќе ја унапредат апликацијата, но и ќе им овозможи поголема приватност.

Вибер е еден од популарните апликации за разменување на пораки. Компанијата сега најавува нова функција за овој сервис кој им овозможува на корисниците на стават временско ограничување на фотографијата или видеото кое ќе го постават во конверзација. На овој начин функцијата на Вибер ќе биде слична на Снепчет, бидејќи корисниците ќе испраќаат фотографии и видеа во одреден временски период, по што тие автоматски ќе исчезнуваат. 

Доколку примачот направи скриншот, испраќачот ќе добие нотификација за тоа. Вибер ќе бобеде и функција за таен разговор. Тоа може да биде еден разговор или групна конверзација, а учесниците ќе одлучат дали разговорот ќе биде заклучен со пин код или разговорот да се избрише по одреден период.

 

 

 

 

10.03.2017 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа