СЕХА го „избрка“ Металург од Автокоманда

Автокоманда од следната сезона своите мечеви ќе ги игра во Велес откако Регионалната лига постави одредени услови кои салата во која што игра клубот не можеше да ги исполни. Имено новите правила кои доаѓаат од Регионалната лигата наложуваат специјална подлога и поставено рекламно лед-пано како и капацитет од минимум 1500 седишта како и 500 места простор за стоење. Се на се сала која најмалку може да собере 2000 гледачи. Металург во моментов во потрага е по нова сала, но како што стојат работите најсериозно место каде што би можел да ги игра мечевите е салата во Велес. Поради пренатрупаноста и комплексноста за подготовките на мечевите салата Борис Трајковски не е опција, а од уште поразбирливи причини нема никакви теоретски ниту пак практични шанси да се пресели во салата на „Кале“. Велес е блиску до Скопје а велешани се и познати по љубовта кон ракометот, па оттука многу веројатно е да салата во овој град биде идното место каде Металург ќе ги игра мечевите од Регионалната лига. Имаше и опција да Металург секој натпревар го игра во различен град, но и ваквата идеја пропадна од причина што некои од салите во градовите исто така не ги исполнуваат условите поточно ја немаат специјлната подлога која ја бараат од Регионалата лига.  

Металург мечевите во Велес ќе ги организира во соработка со РФМ и градоначалникот на градот се со цел да се анимира спортската јавност во овој град која секако со години нема можност во својата сала да проследи квалитетни меѓународни натпревари.