Тешка кражба во Гостивар: Од стан украдени 20.000 евра

Од стан на булеварот „Гоце Делчев“ во Гостивар украдени се пари, накит и два пиштола во вредност од околу 20 илјади евра.

Според портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, крадците го искористиле отсуството на семејството во текот на вчерашниот ден и во периодот од 7:30 до 16 часот влегле во станот и ја извршила кражбата.

Ограбениот 56-годишен Д.С. пријавил дека од спалната соба биле одземени два пиштоли со калибар 9 и 7,65 милиметри за кои имал дозвола, 50 илјади денари и повеќе парчиња златен накит. Вредноста на украденото се проценува на 1,3 милиони денари.

За една недела ова е втора тешка кражба во Гостивар. Претходно, од дом на гостиварец беше украден накит со вредност од близу 30 илјади евра.

 

 

 

25.02.2017 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега