Камионџија пронајден мртов во камион на Деве Баир

Шеесет годишен возач на камион од Бугарија вчера утро е пронајден мртов во товарно моторно возило марка „волво“ со бугарски регистарски ознаки на терминалот на граничниот премин „Деве Баир“.

МВР информира дека случајот го пријавил вработен на царинскиот терминал Деве Баир вчера во 9 часот и 30 минути.

Од екипа од Итна медицинска помош Крива Паланка била констатирана смрт без траги од насилство, а причина за смртта е престанок на работа на срцето и виталните органи.

Утврдено е дека починатиот е 60-годишниот Б.Л.Ј. од Дупница, Бугарија, кој на 21 февруари 2017 година се упатил со возилото да изврши транспорт до Скопје како крајна дестинација. На „Деве Баир“ пристигнал на 22 февруари 2017 година во 14.50 часот.

По наредба од Јавен обвинител над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. 

 

 

 

24.02.2017 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега