ВМРО-ДПМНЕ се мобилизира - итни состаноци на сите Општински Комитети во цела Македонија

ВМРО-ДПМНЕ свикува итни седници на Општинските Комитети на партијата во цела Македонија, по обидот на СДСМ за редефинирање на Македонија.

ЈАВНО.МК стигна до порака со известување пратена како насока до сите општински комитети во целата држава.

- „Во текот на утрешниот ден треба да одржите итна седница на Општинскиот комитет во проширен состав, со сите претседатели на месни комитети. Уште од вечер известете ги сите членови задолжително да бидат присутни на состанокот што значи вечерва и утре од сабајле преку итни кол-центри да ги информирате. Насоки по однос на темата на состанокот ќе доставиме во текот на утрешниот ден. Тргаме во офанзива, нападната ни е Татковината, Македонија треба да се брани. Следува бурен период, пролет со многу енергија и борба за ВМРО и Македонија. Ќе победиме! Да живее ВМРО, да живее Македонија!!!“, стои во пораката.

На социјалните мрежи има лавина од коментари за обидот за редефинирање на Македонија.

 

 

 

24.02.2017 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега