Димитриевски за Сител: ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна постизборна коалиција со ДУИ

Максим Димитриевски, претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска беше гостин воТема на денот во вестите на Сител телевизија.

Запрашан дали е изненаден од резултатите Димитриевски рече:

„Резултатот не е изненадување за мене, но секој глас за мене значи. Јас гледам луѓе, не гледам гласови. Уште повеќе ми значи трендот и поддршката којашто доаѓа во овие тешки моменти од страна на граѓаните, бидејќи сметам дека во јавноста тлееше едно старо правило дека освен два политички субјекти во Македонија не може да се појави трета опција, трет политички субјект. Еве тоа е Движење ЗНАМ – За наша Македонија. Горд сум на секој глас, благодарен сум на сите гласачи и особено благодарен на сите коишто излегоа на изборите и апелирам да излезат уште помасовно на парламентарните избори“.

Во однос на тоа какви се пресметките околу можните пратенички места, Димитриевски рече дека тие не се водат од пресметки и дека им е важна поддршката.

„Сметам, рече тој, дека третата политичка сила којашто сериозно е веќе позиционирана со оваа поддршка треба да добие уште поголема поддршка кај граѓаните, со цел да биде коректор на власта и на опозицијата. Потпишувањето на тој документ за национален консензус, дефинирање на националните црвените линии. ЗНАМ како политички субјект и идна парламентарн партија нема да отстапи од ниту едно свое барање кое е испорачано пред граѓаните“.

Запрашан кои се тие барања, бидејќи се сега многу битни, Димитриевски одговори дека многу пати ги има кажано, дека граѓаните ги знаат.

„ Но еве ќе повторам, рече тој, – Јазик, идентитетт, континуитет, самобиност, сопствена историја“ .

Запрашан дали има остварено комуникација со другите политички субјекти по првиот круг, тојј рече дека добил куртуазни пораки од поединци , луѓе позиционирани во вторите ешалони, а дека тој лично се јавил на противкандидатката со најголем број освоени гласови да и честита на резултатот. Димитриевски потенцира дека ЗНАМ ниту ќе биде политичка партија којашто ќе го спасува ова актуелно раководство на СДСМ од политичкиот потоп, којшто се случува, ниту пак ќе се вклучи во каков било тип на соработка, идна соработка за формирање на било какво мнозинство со нив. Тој притоа додаде:

„Еве и екслукзивно да кажам во вашата емисија. ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна коалиција, постизборна коалиција, во којашто ќе партиципира сегашниот и поранешниот владин партнер , а тоа е ДУИ, затоа што сметаме дека таа политичка партија се изгради во континуитет на коруција и потребна е сериозна реформа во истата, за да може едносставно да расчисти со минатото и сето она лошо што го направи во оваа држава. Дополнително ќе разговараме со сите потенцијални сили во делот што значи просперитет, евроинтегративен процес на Македонија во рамките на нашите програмски заложби. Тоа значи реципроцитет, воведување на амандманите во сила од моментот на полноправно членство на Македонија во Европскаата Унија и дополнително, по примерот на Србија и Црна Гора, измена на преговарачката рамка, раздвојување на она што значи историска комисија од самата рамка и сите оние работи што ние ги зборувавме и претставивме пред граѓаните“.

 

 

26.04.2024 - 21:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега