Нови детали за убиството во Охрид

Во текот на вчерашниот ден, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Охрид заедно со екипа на крим техника од МВР, изврши увид на лице место во стан каде беше пронајдено безживотното тело на шеесет и шест годишна охриѓанка. Настанот го пријавила ќерката на почината жена, која откако не можела да ја најде мајка ѝ по телефон влегла во станот во кој веќе било телото на починатата.

При извршениот увид е констатирано дека на телото на починатата има видливи траги од насилство и дека во станот во кој таа е пронајдена е извршено разбојништво. Но според најновите информации од МВР, истрагата покажача дека шеесет и седумгодишната Спаса Бојоска од Охрид била убиена пред куќниот праг. 

Полциијата се уште трага по убиецот на 67-годишната охриѓанка. 

 

 

 

 

 

21.02.2017 - 22:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега