ВИДЕО: Што прави вашата жена кога ќе дојде водоводџијата

Немам да платам, може ли нешто друго да ти понудам, фати ме за градите, нема да си одиш од тука без да легнеш со мене.. Сите овие зборови, молби, закани му ги упати загреана домаќинка на водоводџија кој дојде да ѝ ја поправи чешмата во кујната.

Повеќе од очигледно беше дека дефектот беше лажен и дека згодната домаќинка само сакаше да си најде „жртва“ за да ги олади своите жешки страсти.

devojka_-_02.jpg

Згодната домаќинка беше толку разголена, што нејзините гради во секој миг чекаа да скокнат од длабокото деколте. Таа, знаејќи го тоа, уште толку се наведнуваше пред водоводџијата, втурнувајќи му ги градите во лице.

Таа, кога виде дека водоводџијата се токми да замине, застана пред вратата и не му дозволуваше да излезе додека не ја зграпчи за градите и додека не ја легне на подот. Домаќинката премина граница, па со рацете се впушти да го фаќа и каде што не треба. Но, водоводџијата не се предаде и не потклекна на ласкавите понуди. Тој учтиво ја одби.

Сепак, сето тоа што му се случуваше беше премногу добро за да биде вистинито. Домаќинката беше дел од скриена камера. Девојката на водоводџијата сакала да провери дали нејзиниот сакан ѝ е верен. За негова среќа, тој покажа дека во животот му е битна само една жена.

 
 

 

 

16.02.2017 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега