Извршил грабеж бидејќи Исус сакал тој да биде богат

Еден човек се обидел да украде 7 милијарди долари бидејќи Исус сакал тој да биде богат.

Џон Мајкл Хескју од Лејкленд, Флорида, вели дека Господ бил на негова страна кога незаконски префрлил 7 милијарди долари преку 70 трансфери на 9 и 10 декември минатата година.

Детали за тоа како успеал да ја изведе измамата нема, но се пофалил дека бил „самоук во банкарската индустрија“ и преку експерименти открил како да изведува префрлања на пари од една на друга сметка.

За ова би можел да добие до пет години затвор и парична казна од 250 000 долари.

 

 
 
08.02.2017 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа