Детали за кобната сообраќајка пред Прилеп - загина жена

Во 17 часот синоќа на регионалниот пат Битола-Прилеп се случила трагедија во која загина жена. Според податоците од Јавното обвинителство, несреќата се случила помеѓу возило марка „Фолксваген Пасат“ управувано од жител на селото Трн во Битола, на возраст од 31 година, и возило марка „Опел Вектра“ управувано од жител на Прилеп, на возраст од 58 години.

За жал, на лице место починала сопатничка во возилото „Опел Вектра“, на возраст од 55 години, додека пак со тешки телесни повреди се здобил возачот кој поради сериозноста на повредите е транспортиран на лекување во Скопје, и една сопатничка од возилото „Фолксваген Пасат“.

Веднаш по добиената информација за случената сообраќајна несреќа, на лице место е извршен увид од страна на дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп, заедно со увидна екипа при МВР и стручно лице од областа на сообраќај.

Обвинителството издаде наредби за подигање и обезбедување на траги од местото на настанот и наредба за обдукција врз телото на починатата за утврдување на причините за смртта.​

 
 
08.02.2017 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега