Нова цена на горивата во Македонија

Малопродажните цени на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинствата пред две недели се намалија од половина до еден денар. Ова го одлучи Регулаторната комисија за енергетика, и според одлуката сега цената на Еуросупер БС-95 изнесува 66 денари за литар, на Еуродизелот изнесува 52,5 денари и на Екстра лесното 41 денар. Кај овие горива намалувањето од актуелните цени е еден денар, додека цената на Еуросупер БС-98 се намалуи за половина денар и изнесува 68,5 денари за литар.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар изнесуваше 54,2 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 57,93 денари за долар. 

Наредната корекција е закажана за утре. Останува да видиме дали ќе возиме поскап или поевтин бензин.

 
 
05.02.2017 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега