Неа Тито ја направи најпозната пејачка во цела Југославија - ова е животната приказна на Снежана

Preplanula:  Snežana  Đurišić

Снежана Ѓуриќ го запознала Јосип Броз Тито кога имала само 12 години. Некогашниот претседател на Југославија толку бил воодушевен од талентот што и ја исполнил желбата и ја испратил во Белград на школување.

- Настапував на фестивалот Белградска пролет, тоа беше во мај 1971 година, тогаш имав само 12 години. Ја пеев песната „Роденденска торта“ и тоа беше вистинска сензација. Во весниците со денови се пишуваше за тоа. После тоа добив повик од Тито да дојдам во Белиот двор на 25. мај, на неговиот роденден, раскажува Снежана и додала дека тогаш била почестена од поканата.

- Немаше посреќно дете од мене. Тито беше расположен, се и сешто ме прашуваше, каде ми работат родителите, што сакам да бидам кога ќе пораснам. Му реков дека одам во нижото музичко училиште и дека силно сакам да го  продолжам своето музичко школување, но дека во Кралјево нема средно музичко училиште. Му објаснив дека мојот татко кој работеше тогаш како војно лице барал преместување во Белград и тоа неколку пати, но војската не му дала дозвола. Додека му го раскажував тоа, дури и почнав да плачам, тој се сожали, ме бакна во коса и ми рече да не се грижам. Веќе во септември татко ми доби преместување за во Белград. Неговите старешини ни рекоа дека Тито лично тоа го наредил. Така јас, благодарение на Тито успеав да запишам средно музичко училиште во Белград и многу сум му благодарна поради тоа што го направи за мене и моето семјство, рекла пејачката за српски Курир. 

 

 

 

 

 
 
20.01.2017 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега