Пожар пеплоса куќа во Штип

Во 04 часот по полноќ во Штип, на улицата „Мирче Ацев“ настанал пожар во куќата на 40-годишниот Ѓ.Д.

Полицијата информира дека пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Штип.

Во пожарот за среќа нема повредени лица, но уништена е целата покуќнина.

Причина за пожарот најверојатно е неправилно изведена електрична инсталација.

Се преземаат мерки за целоснорасчистување на случајот.

 
 
16.01.2017 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега