ВМРО-ДПМНЕ: Проблемот со квалитетот на воздухот бара сеопфатно решение

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на денешната изјава на СДСМ која побара мерки за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот.

Во реакцијата, ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека решавањето на проблемот со квалитетот на воздухот бара сеопфатно решение на кое што партијата веќе работи, а не со нереални предлози и проекти.

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека СДСМ ја манипулира јавноста и предлага мерки за гасификација, а од друга страна Куманово и Струмица се едни од најзагадените општини во државата. 

- Токму од овие општини стигаат информации за зголемен број граѓани кои се жалат на квалитетот на воздухот и влијанието врз нивното здравје. Лицемерието на СДСМ не застанува само тука. Тие зборуваат за гасификацијата, а забораваат да кажат дека токму овие два града кои наводно ги гасифицирале се едни од градовите со највисоко ниво на загаденост, се наведува во реакцијата.

 
 
13.01.2017 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега