Чавков: Во работата на МВР не смее да се испровизира

Во работата на МВР не смее да се импровизира, постојат премногу актуелни ризици во државата и регионот што не смеат да остават простор за манипулација и одење против правилата, принципите и општата безбедност, рече Митко Чавков во интервју за емисијата од НАШ АГОЛ на МТВ.

 Според Чавков, Периодот на пржинската влада бил навистина тежок и неизвесен каде што Оливер Спасовски директно одел против сите начела, правила и принципи.Се унапредувале луѓе без претходни обуки по неколку хиерархиски нивоа, кои единствена задача имале да ги спроведуваат партиските задачи.Има сомневање дека некои од полициските службеници директно биле вклучени во вршење на недозволени кривични дела, спроведување хаос спротивно на законот.Веројатно е дека за нив ќе бидат процесуирани кривични пријави и за вршење притисок кон гласачи и други слични дела.

Пример за тоа е и Единицата АЛФА каде што по насока на Оливер беа поставени полициски службеници кои не се обучени за во тој тим, кои немаат никакво искуство, што претставува чиста еклатантна злоупотреба.

 

Исто така сите проекти кои се активни во МВР, во периодор на пржинската влада беа тргнати настрана и суспендирани од Министерот, бидејќи немаше време да се занимава со безбедноста во државата од партиските задачи.Еден од побитните проекти е и консолидација на системот за безбедност.

 
 
13.01.2017 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега