Денеска стартува ликовната колонија „Скопје 2013“

Денеска започнува 8. Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2013“ во организација на Град Скопје, Музејот на град Скопје и хотелот „Стоун Бриџ“. 

 На колонијата ќе учествуваат академските ликовни уметници Христина Стојчевска, Љубица Мешкова Солак, Ирина Титиева, Мирјана Крстева Массетти и Димитар Солаковски, од Македонија, како и Карен Агамијан од Ерменија, Букурије Далладаку од Германија, Сара Ерика Марија Хедберг од Шведска, Симеон Панајотов од Бугарија и Зоран Чалија од Србија.

Колонијата се одржува до 21-ви август во хотелот „Стоун Бриџ“.

ФОТО: Канал 5

11:04

најчитано сега