Значителни промени на времето, температури од -22 до -10 степени во Македонија

Значителна промена на времето ќе има утре кога поради спуштање на поларна воздушна маса од север ќе има врнежи од снег, најпрво во северните и западните, а потоа и во останатите делови. Во јужните делови најпрво врнежите ќе бидат од дожд, а потоа ќе преминат во снег. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните и ноќните часови. Врнежи од снег ќе има и во петок, особено претпладне, но со намален интензитет. Насекаде ќе се формира снежна покривка,на планините и до 50 сm.

Во Скопската Котлина можно е снежната покривка да биде околу 10 до 15 сm.

Од утре попладне до сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни навеви.

За време на викендот облачноста делумно ќе се намали и ќе биде многу студено. Преку денот најстудено се очекува во сабота со температури од -12 до -6, а во недела утринските температури ќе се движат од -22 до -10 степени. Потоа температурите ќе бидат во благ пораст.

 
 
04.01.2017 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа