Труењето продолжува: Утрово Куманово повторно најзагаден град, СДСМ бега од одговорност

И ова утро Куманово останува најзагадениот град во Македонија со 284 mg / m3 со честички ПМ10.

Ова загадување е дури шест пати поголемо од максималната дозволена граница од 50 mg / m3.

Инаку, минатата ноќ Куманово беше најзагадениот град во Европа со 676 mg / m3. Таквиот најзагаден воздух буквално ги труе кумановци, а градоначалникот од СДСМ Зоран Дамјановски буквално ништо не презема, ниту пак неговиот партиски шеф Зоран Заев.

zoran-damjanovski

Овие неславни европски рекорди во загадувањето на Куманово зборувааѕ и за неуспешнпста на таканаречената „гасификација“ што ја најавуваа СДСМ и Заев. Свој дел во одговорноста за загадувањето на Куманово има и Оливер Спасовски кој долги години беше секретар на општина Куманово.

zaev-spasovski

Факт е дека локалните власт на СДСМ од Куманово со децении не прават ништо, а кумановци го дишат најзагадениот воздух во Европа.

 
 
03.01.2017 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа