За 200 проценти повеќе работа во странство за македонската градежна оператива

Државниот завод за статистика денеска објави дека во првата половина од годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 4.951.425.000 денари.

Македонската градежна оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 454.540.000, што е за 203,8 проценти повеќе во споредба со првите шест месеци од минатата година. 

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Италија и Германија, додека, на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Индија, Швајцарија, Бугарија, Либиска Арапска Џамахирија, Босна и Херцеговина и Словенија.

најчитано сега