СДСМ подготвува изборна кражба на граѓаните со измислени нерегуларности
Постизборниот инжинеринг кој се состои во фалсификување на волјата на граѓаните искажана на слободни и демократски избори практично претставува шамар на СДСМ за граѓаните на Теарце кои за оваа партија учествувале во изборни нерегуларности и покрај тврдењето на сите членови на избирачкиот одбор како и граѓаните на Теарце дека изборниот ден поминал мирно.
Зад овој превез се крие желбата на СДСМ преку политичката поддршка и влијание во Државната изборна комисија чиј претседател е Александар Чичаковски кој е од СДСМ и според сите правни експерти политичката, а не правна одлука на Управниот суд, како и поддршката на надворешен фактор да се влијае на конечниот резултат и да се поништат 455 илјади гласови кои ги донесе ВМРО-ДПМНЕ, резултат кој е вториот најсупешен за оваа партија по победата во 2014-та година.
За многумина надвор од здравата логика е да се смета дека некој би правел бугарски воз и тоа токму во општината Теарце. Македонија со ова повторно се втурнува во една нечесна игра, а на Теарце од страна на Зоран Заев се гледа како сламка за спас на неговата политичка кариера.
Повторувањето на одличниот резултат од 455 илјади гласови кои ги освои ВМРО-ДПМНЕ јасно укажува дека во вода паѓаат сите теории дека и претходните победи биле фингирани, како и дека постојат фантомски гласови. Во Теарце беше издвојувана чиста победа и чист изборен резултат за што сведочат и членовите на избирачкиот одбор.
Дополнително уште на самиот изборен ден на 11 декември голем дел од граѓаните во Теарце истакнаа дека гласањето поминало во мирна и фер демократска атмосфера, како и дека не се забележани никакви неправилности и нерегуларности.
На социјалните мрежи веќе наголемо се појавуваат објави дека СДСМ фрла огромни суми на пари во Теарце за купување на гласови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа