Убиство во затвор

Осуденикот Марко Јовановиќ (27) му го одзема животот за затвореникот Р.Ш. (34) со кој изминатите два месеци ја делел собата во Казнено поправниот дом во Белград.

Инцидентот се случил ноќеска, 21 декември 2016 година, со жилет од „Бик“. Јовановиќ се наоѓал на издржување затворска казна по правосилна пресуда од 40 години за кривично дело тешко убиство.

Известена е полицијата и Јавното обвинителство. А увидот е во тек.

Да потсетиме, Јовановиќ во 2013 е затворен бидејќи на 31 октомври 2010 година во зграда на Улица Мајаковски ја убил својата поранешна девојка Даниела Јовановиќ (27) и нејзиниот сосед Александар Китановиќ (23)

Тој се скарал со својата девојка Даниела, а потоа таа вечер ја чекал зад лифтот во зградата. Кога дошла до станот ја пикнал внатре каде таа му кажа дека помеѓу нив е завршено и дека таа има ново момче, односно соседот Александар.

Психијатриското вештачење не докажа дека тој во моментот на извршувањето на кривичното дело вил непредвидлив па добил максимална казна затвор.

 

 

 

 
 
21.12.2016 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега