Рускиот премиер со порака до турската влада
Рускиот премиер Дмитриј Медведев ја повика Владата на Турција да преземе итни мерки за да ги пронајде и казни сите организатори, спонзори и нарачатели на убиството на амбасадорот на Русија во Турција, Андреј Карлов.
Медведев, во телефонски разговор со турскиот колега Бинали Јилдирим оцени дека „смртоносниот терористички напад“ претставува вонредна ситуација во меѓународните односи, пренесува ТАСС.
Јилдирим ветил дека лично ќе ја контролира истрагата за убиството на амбасадорот.
19.12.2016 - 23:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа