Оваа година убиени голем број на новинари

 

 Во оваа година се убиени 74 професионални новинари, најголем дел плански убиени, соопшти Репортери без граници.

Органзиацијата наведува дека оваа година имало вистински „лов“ на новинари и потсетуваат дека лани биле убиени 101 новинар.

Во извештајот се вели дека се убиени 57 новинари, девет граѓани новинари и осуммина соработници на медиумски куќи.

Меѓу убиените во оваа година има и пет жени.

Според РСФ Сирија е место каде има најмногу убиени новинари (19) следува Авганистан (10), Мексико (9).

Генералниот секретар на РСФ, Кристоф Делоар изјави дека со доаѓањето на новиот генерален секретар на ОН би требало под итно да се иемнува споецијален пратеник за заштита на новинари. 

 
 
19.12.2016 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега