ЕК бара да се остават ДИК и судовите да работат непречено
Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич, во изјава за МИА, денеска побара во име на официјален Брисел Државната изборна комисија (ДИК) и судовите да се остават да работат непречено, без притисок и политичко влијание.
- ЕК ги забележа прелиминарните резултати на изборите, како и резултатите од жалбите и сега го очекува исходот од процесот на жалби. На релевантните национални власти, вклучително и ДИК и судовите, треба да им биде дозволено да работат непречено, без притисок и политичко влијание. Ние сме многу загрижени поради тензиите во текот на последните денови и зголемувањето на негативната реторика. Комисијата ги повикува сите заинтересирани страни да се однесуваат одговорно, со цел да се зајакне довербата на граѓаните во јавните институции и во демократските процеси, порача Коцијанчич.
Во продолжение на пораката од неформалната Влада на Еворпската унија, Маја Коцијанчич го повтори делот од веќе познатото соопштение на потпретседателката на ЕК, Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, дадено ден по предвремените парламентарни избори во Македонија:
- Со нетрпение очекуваме брзо формирање на новиот парламент и на новата Влада и спроведување на реформите за решавање на системското владеење на правото, исто како и на Итните реформски приоритети, како и повикуваме на континуираната имплементација на претходните политички договори. Комисијата ќе продолжи со поддршката на земјата во процесот на европската интеграција, заврши гласноговорничката на ЕК.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа