Додека му тонела јахтата тој си го спасил кучето пред сопругата

Анли Грахам од Јужна Африка предизвика бура коментари кај светската јавност откако се дозна дека додека неговата јахта тонела, тој прво си го спасил кучето, па дури потоа се вратил по сопругата.

Како што пренесува "Huffington Post", овој човек кој отседнал на јахта во Мадагаскар, доживеал несреќа откако јахтата им се удрила во карпа. Испаничениот Анли кога јахтата започнала да потонува прво го фатл своето кученце во раце и го спасил, па се вратил по сопругата. 

Мажот потоа со кучето отпливал до брегот, а потоа се вратил по сопругата, чија што опрема за спасување се заглавила", изјавува претставникот од Националниот центар за безбедност во морето, Геог Мекгрегор.

За среќа, на крајот се завршило добро бидејќи сите биле спасени и безбедни.

 

11:34

најчитано сега