НЕВЕРОЈАТНА СУДБИНА: Милош продавал кола - внатре нашол огромно богатство

38-годишниот Милош од Србија раскажа неверојатна приказна за она што неочекувано му се случило во животот. Тој минатиот викенд пронашол 128.500 германски марки кои неговиот покоен дедо ги сокрил во својот автомобил.

Како што пренесува српскиот Информер, тој го пронашол богатството кога му ја продавал колата на својот сосед Никола.

Парите ги сокрил покојниот дедо на Милош, Драгољуб, во автомобилот кој тој го продал за 400 евра по неговата смрт. 

- Отидовме во кафеана да славиме, да ја залиеме продажбата и новиот автомобил, а тогаш не знам зошто се сетив уште еднаш да го прегледаме автомобилот. Најдовме скриено парче замотано со изолир трака, а кога го отворив внатре имаше банкноти од 100 и 1.000 германски марки, вели Милош.

Заедно избројале 128.500 германски марки, кои дедо му ги оставил во наследство. 

Така, тој сега кога ќе ги замени марките е побогат за 66.000 евра.

 
 
14.12.2016 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега