Груевски: Кризата мора да заврши и државата да оди напред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се обрати на јавноста. Тој истакна дека Македонија имаше фер, демократски и кредибилни избори.

Никола Груевски се заблагодари за гласовите и успехот на изборите. 

- Според податоците, поддршка од 434. 000 гласови поддршка за ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме победници на овие избори, изјави Груевски и додаде дека денеска победи Република Македонија.

Инаку, ова е десетта изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски вети дека ќе работат за да не ги изневерат поддржувачите. Се заблагодари и на гласачите на СДСМ. Истакна дека ќе работат за државните и националните интереси. 

- ВМРо-ДПМНЕ имаше тежок противник овие избори и затоа победата има посебна тежина и важност, особено кога ќе се види низ што се поминавме како партија, и како држава. Бројот на гласови за ВМРО-ДПМНЕ е во рамки на константна поддршка, а имаше изненадувања кај албанскиот електорат. СДСМ доби значителка поддршка од албанскиот електорат, но од анализите ќе извлечеме заклучоци и поуки, истакна лидерот.

 
 
12.12.2016 - 00:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега