Си ги заборавиле децата на плажа во Охрид

Три случаи во кои родителите си ги заборавиле своите деца на охридските плажи регистрирале годинава спасувачите на Црвениот крст, јавува Вест.

 

Сашо Точко од Црвениот крст на Охрид за Вест вели дека најголем проблем е кога заборавените деца се многу мали, па не знаат точно да објаснат кого бараат и каде им се наоѓаат родителите.
"Во еден случај самото дете ги бараше родителите, а во другите два родителите бараа од спасителите да ги пронајдат нивните заборавени деца. Потрагата по загубените деца траеше од 15 минути до половина час. Нашите спасители се обучени и тие по уплашениот поглед на детето знаат дека тоа е оставено само и заборавено и тогаш стапуваат во акција. Полесно е кога родител го бара оставеното дете, бидејќи тој знае каде и кога го оставил. Во секој случај, кај сите се забележува вознемиреност“ вели Точко за Вест.
Загубените деца биле најдени на плажите Славија и Орце Николов кај Свети Стефан, а од Црвениот крст не сакале да кажат, дали родителите се македонски или странски туристи

08.08.2013 - 21:49