Велес го прославува Свети Пантелејмон - заштитникот на градот

Граѓаните на Велес во црковниот храм „Свети великомаченик Пантелејмон“ денеска со палење свеќи и поклонување на светецот го чествуваат 8 август - Денот на „Св Вм.Пантелејмон“-заштитникот на градот.

Во организација на МПЦ Повардарска епархија и Општина Велес во црквата која го носи името на заштитникот Св. Вмч. Пантелејмон вечерва ќе се одржи чествување,  со празнична богослужба со која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г-дин Агатангел во сослужение со свештениците од Епархијата.

Како што е најавено, пред присутните ќе се обрати и градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев, по што ќе има црковниот хор „Свети Кирил и Методиј“. Ќе биде прикажан и играно документарниот филм „Македонска миланска скала“ за храмот кој го има прекарот Македонска миланска скала,поради прекрасната акустика.

Прославата продолжува утре со Архиерејска Божествена Литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот Агатангел. Црквата „Св.вм Пантелејмон“ е изградена во 1840 година и е дело на најдобриот македонски градител на цркви, Андреја Дамјанов. Велешани го изградиле овој храм кога владеела чумата и други болести, а кога биле излекувани му ја изградиле на својот заштитник Св. Пантелејмон за да ги штити од сите зла. 

ФОТО: Економски.мк

15:20

најчитано сега