Авион при слетување удри во крава

Патнички авион на индонезиската чартер компанија „Лајон Ер“ удрил во крава при слетувањето, по што леталото излетало од пистата со тешко оштетени тркала.

Во авионот имало 110 патници и членови на екипажот, но нема сознанија за тоа дека кој било од нив е повреден и оти побарал лекарска помош.

По несреќата, пилотот на авионот изјави за локалните медиуми дека кога го здогледал животото на пистата помислил дека е поголемо куче.- Почувствува мирис на изгорено месо, истакна пилотот.

Во април годинава авион на „Лајон Ер“ ја промаши пистата при слетувањето при што 22 лица беа полесно и потешко повредени. 

13:36

најчитано сега