ВИДЕО: Како Европа гледа на Скопје2014 - репортажа на EuroNews
Тоа е споменикот пред кого сите сакаат да се фотографираат: најголемиот споменик во Скопје го прикажува Александар Македонски, којшто се смета за национален херој.
Ова е само еден од околу 80-те споменици што изникнаа во македонскиот главен град со последното уредување. Но тоа не е футуристичен проект, подобро речено, Скопје 2014 гледа наназад во времето со цел да ги прикаже хероите на минатото.
-Доколку имате големи претходници и не ги кристализирате во реалноста, тогаш правите нешто лошо не само за нив туку и за иднината, вели архитектот Вангел Божиновски, кој дизајнираше дел од градбите кои што се дел од проектот.
Изградбата привлекува се поголем број на туристи во последните години – посетителите се љубопитни да ги видат спомениците во градот и статуите. Новиот изглед на Скопје не остава никого рамнодушен. Населението во голем дел е задоволно од новата нео-класична архитектура, која се коси со строгото социјалистичко минато, пренесува Еуроњуз.
-Барокните архитектури беа урнати, оштетени и запалени на крајот на 17 иот век. Тоа бил првиот град со барок во Отоманското царство, се обидуваме повторно да го оживееме тоа време, вели Божиновски.
Помеѓу големите луѓе во Скопје се наоѓа и една мала жена: Мајка Тереза е родена овде. Пред четири години Вангел Божиновски изгради меморијален музеј во нејзина чест.
-Тоа не е само архитектонски проект, тоа е резултат на моето воодушевување кон делото на Мајка Тереза како жител на Скопје. Овде го имате нејзиниот профан живот и нејзиниот духовен живот измешани заедно. Оваа куќа не е само куќа, туку го прикажува градот како целост, вели тој.
Наскоро, уште еден 30-метарски споменик ќе биде изграден во центарот на градот – подарок од индиски милионер. Мајка Тереза, Албанка и католик претставува симбол на мултикултурализмот што го карактеризира Скопје и другите градови во поранешната југословенска република.
Албанците прават една четвртина од населението во земјата. Нивен дом е Старата Чаршија.
Акиф е сопственик на ресторанот Дестан, нешто што секој посетител на Скопје мора да го посети. Веќе пет генерации, неговото семесјтво служи едно популарно локално јадење: познатите ќебапчиња. Дестан што значи легенда прославува 100 години од своето постоење годинава и е сведок на векот на промени во Скопје. Акиф работи во ресторанот од својата 11 та година.
-Скопје беше дом на текстилната индустрија, па луѓето доаѓаа од цела Југославија за да купуваат од Старата Чаршија. Почнуваше од 6 часот наутро. Бизнисмените од соседните градови доаѓаа со првите автобуси во пет часот и си заминуваа со автобусот во 11 и 30 само за да купат ќебапчиња, вели тој.
Часовникот на ѕидот од старата железнипчка станица засекогаш е застанат на 5 часот и 17 минути – точното време кога разорен земјотрес уништи три четвртини од градот на 26 ти јули 1963 та година.
Меѓу малкуте стари останати историски споменици е стариот отомански мост на реката Вардар и неколку турски бањи кои во моментов функционираат како музеи.
Сонцето заоѓа зад тврдината Кале, замокот од 14-иот век, кој гледа на градот и во неговите 700.000 жители. Мекиот вечерен ветер ја носи џез мелодијата од блискиот ресторан. Тони Китановски свири. Некои го опишуваат како родоначалник на македонскиот џез. Тони се враќа во Скопје по 10-годишен престој во Бостон.
"Нешто што е уникатно за мене е тоа што јас секогаш се чувствувам добро кога ќе дојдам тука. Јас патувам многу и мислам дека постојат два вида на градови: среќни градови и "несреќни" градови. Скопје е среќен град ", вели тој со насмевка.