Нов рекорд: Нуркач пет дена поминал под вода (ВИДЕО)
Џери Хол е човекот кој постави нов светски рекорд за нуркање под вода. Тој после пет дена поминати под површината на водата во Саут Холстон, езеро во Бристол, влезе во Гинисовата книга на рекорди за најдолго нуркање во отворени слатки води.
Рекордот кој Џери успешно го собори е 120 часа, 14 минути и 11 секунди. Тој јадел и спиел со посебна опрема.
За побрзо да му мине времето, Хол гледал на подводен телевизор поврзан со ДВД плеер и слушал музика.
12:18