Жално: Почина двегодишното детенце болно од рак кое беше кум на свадбата на своите родители
Битката со животот ја загуби малото двегодишно детенце болно од рак кое беше кум на свадбата на своите родители.
Мајката на детето Кристин Свидорски на својот Фејсбук профил објави дека Логан починал во нејзината прегратка во понеделникот вечерта.
“Тој е со ангелите, и веќе нема болки”, напиша таа.
Инаку, двојката се венчаше пред околу една недела за детенцето на кое докторите му предвидоа само уште неколку недели живот да може да види како неговите родители конечно кажуваат ДА.
Нека почива во мир!
11:12