Се поставува нов светски рекорд на „Тајмс сквер“ - се собраа 2000 лица во долна облека
Повеќе од две илјади разголени луѓе вчера се собраа на плоштадот „Тајмс сквер“ со цел да го соборат Гинисовиот рекорд по повод националниот ден на долна облека.
Манифестацијата е одржана на Бродвеј помеѓу 46 и 47 улица и собра илјадници разголени луѓе, кои во добро расположение се обидоа да го соборат светскот рекорд.
Настанот на кој учествуваат луѓе во долна облека сепак се држи до извесна доза на вкус при што голотијата не е дозволена, додека сите лични стилови, колку и да се ексцентрични се поддржуваат и поттикнуваат.
Претходниот рекорд изнесуваше 2.271 луѓе во долна облека, а овогодишниот собир ја надмина таа цифра, но се уште не се соопштени официјалните бројки.
10:32