Светот во шок: Откриена пирамида на Антарктикот?

Научниците со години изнесуваат теории дека на Антарктикот некогаш постоела цивилизација поради тоа што температурите биле многу поблаги од сега и изнесувале и до 20 степени целзиусови.

Овие теории сега би можеле да бидат и потврдени бидејќи снимките од Google Earth покажуваат објект со четири рамномерни страни кој многу потсетува на пирамида, пишува „Sun“.

Британската научничка Ванеса Боман, која работи на истражувањето на Антарктикот изјави дека овој континент бил богат со тропски шуми и имал слична клима на денешен Нов Зеланд.

Пирамидалната структура на Антарктикот не е забележана поради големите количини на снег и мраз, а се претпоставува дека глобалното затоплување довело до топење, па со тоа и до појавувањето на структурата.

Доколку навистина биде утврдено дека станува збор за пирамида, а не за природен феномен, тоа би можело да го промени досегашното толкување на човечката историја, наведуваат британските медиуми.

Објектот на социјалните мрежи веќе го доби името „снежна пирамида“.

 
 
23.11.2016 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега