Пукотници во кафе бар во Сараево - шест лица се повредени

Шест лица се повредени во пукотници што се случија синоќа во кафе-бар во сараевската населба Добриња.

Најверојатно мета на нападот бил сопственикот на локалот. Нападот се случил кога двајца напаѓачи влегле во објектот и почнале да пукаат со пиштол и со автоматска пушка.

Шест лица се повредени, а три од нив се со посериозни повреди.

Полицијата трага по сторителите.

ФОТО: Нетпрес

10:12