ВИДЕО: Морското дно во Нов Зеланд се подигнало 6 метри за време на земјотресот

Општо познато е дека земјотресите можат да бидат многу деструктивни, но не секој ден може да видите како издигнуваат морско дно неколку метри во воздух.

Јутјуб видео од ГеоНет прикажува регион во Нов Зеланд познат како Папатеа процеп. Таму земјотресите со силина до 7,8 степени по Рихтер буквално го подигнаа морското дно на брегот на јужниот остров.

Во видеото, истражувачот Кевин Бериман ја истражува областа каде земјотресите го подигнаа морското дно речиси 6 метри во воздух, креирајќи огромен ѕид во морето.

Погледнете го видеото:

 
 
23.11.2016 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега