Eксплозија на гас во Аргентина - 12 лица го загубија животот
Најмалку 12 лица загинаа, а 63 се повредени во експлозија на природен гас во аргентинскиот град Росарио, при што била уништена десеткатна зграда.
Поради експлозијата станарите во радиус од два километри се евакуирани.
Градоначалникот на Росарио, Монике Феин изјави дека причина за инцидентот е истекување на гас.
Инаку, Роасарио е трет по големина град во Аргентина со 1,1 милиони жители.
ФОТО: Нетпрес
09:14