Тунискиот Парламент престана со работа
Работата на Националното конститутивно собрание на Тунис е прекината на неопределено време, изјави претседателот на Парламентот, Мустафа бен Џафар.
- Како претседател на Парламентот ја прекинувам работата се додека не почне дијалог меѓу власата и опозицијата, истакна Џафар.
Левата исламистичка партија на Џафар, Демократски форум за труд и слободи е сојузник на владејачката исламистичка партија Ан Нахда.
Претходно, премиерот на Тунис Али Ларајед побара Парламентот да ја заврши работата за новиот устав и избирачкиот закон пред изборите, кои се закажани на 17 декември.
Противниците и поддржувачите на власта ги интензивираа протестите по убиството на пратеникот Мохамед Брахами на 25 јули.
На вечерашниот протест опозицијата бара оставка на Владата и распуштање на Парламентот, како и подигнување на споменик на опозицискиот лидер Шукри Белаид, кој беше убиен на 6 февруари годинава.