Железничка несреќа пред Куманово - патнички вагон излетал од шините

Вагон излетал од шините по станицата кај Агино село, дознава Press24. Според нашите информации во несреќата кој се случила нешто по 19 часот нема повредени. Патничкиот воз кој сообраќал од Табановце кон Скопје, кога тргнал од стојалиштето кај Агино село, последниот вагон се излизгал од шините. Информацијата за Press24 ја потврдуваат и од полицијата од каде велат дека поради несреќата, железничкиот сообраќај е во прекин

06.08.2013 - 20:25