Успешно извршена операција на срцето на Буш Јуниор
Џорџ Буш помладиот денеска беше успешно опериран на срцето. На поранешниот американски претседател му беше поставен стен поради запушување на срцевата артерија. Интервенцијата беше направена во клиниката во Тексас. Ваквиот проблем бил забележан од страна на докторите за време на вчерашниот рутински преглед. Буш јуниот се чувствува добро и ќе биде отпуштен од болницата, а од четврток ќе може да ги извршува своите вообичаени обврски.