Турски војници повредени во пожар на сириската граница
Четири турски војници биле повредени при пожар од гориво на шверцери од Сирија, додека патролирале во околината на селото Бешаслан во близина на турско-сириската граница. Сиријците откако ги забележале војниците ги запалиле кантите со мазут и избегале во родната земја. Тројца од турските војници се наоѓаат во сериозна здраствена состојба.
Истовремено, во селото Кушакли, во реонот на Рејханли, дошло до судир меѓу група војници и локални жители, откако војската преземала акција против шверцери со гориво. Во судирите биле повредени осум лица, меѓу кои и едно дете.
Во операцијата учествувале голем број војници и оклопни возила.