Трагедија во Британија: Тинејџерка се самоуби бидејќи ја тероризирале на Интернет

 

Британската тинејџерка Хана Смит (14) се самоубила во својот дом, поради претрпеното тероризирање и насилство низ кое минувала преку една интернет страница.

Оние кои ќе се вклучат на интернет страницата, која се состои од прашања и одговори, се изложени на разни форми на психолошко насилство и тероризирање, од луѓе кои остануваат целосно анонимни.

На страницата има често прашања во стилот „дали можеш да се самоубиеш“ или „зошто не го направиш тоа“.

Случајот со младата Смит, во британската јавност доби силен одглас како пример на т.н. „сајбербулинг“ или во превод „кибер заплашување“м за кои се тврди дека добива се поголем замав и претставува закана за младите и психолошки недооформени тинејџери.

Лондонски „Сан“ открива дека по претрпеното тероризање на овој сајт, во Ирска оваа година се самоубиле две 16-годишни девојки. Самоубиство извршила и една ученичка во САД, откако и таа била тероризирана на една слична интернет страница.

Таткото на младата Смит денеска побара од британските власти да преземат мерки за забрана и затворање на оваа интернет страница.

Во разговор за „Дејли Мирор“, Дејв Смит праша уште колку млади девојки и тинејџери ќе треба да настрадаат пред да се интервенира за заштита на децата од комјутерското тиранизирање.

Овој весник ги повика родителите во Велика Британија да покренат иницијатива за забрана на ваквите интернет странци, но и да не им дозволуваат на своите деца да се вклучуваат на сајтот на кој „болни луѓе затскриени зад анонимноста, тероризираат млади“.

најчитано сега