Обама не сака да се сретне со Путин поради Сноуден?

 

Белата куќа соопшти дека во наредните денови ќе се знае дали американскиот претседател Барак Обама ќе оствари средба со рускиот претседател Владимир Путин, поради случајот со Сноуден.

Портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни додал дека Обама сепак планира следниот месец да отпатува во Санкт Петерсбург на самитот на 20 најразвиени земји во светот – Г20. 

Тој појаснил дека средбата со Путин не е договорена поради ситуацијата со Сноуден.

15:09

најчитано сега