Снегот доаѓа кон Македонија: Какво ќе биде времето до крајот на месецот

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на дневната температура. По одделни котлини во претпладневните часови ќе има појава на ниска облачност и слаба магла. Во деновите од викендот ќе има услови за локална појава на слаб дожд.

 

И за идната недела метеоролозите прогнозираат слично време. Периоди на облачно и сончево време со температури кои нема да надминуваат 13 степени, а утринските ќе бидат 3 степени под нулата.
Позначително спуштање на дневните температури се очекува во последните денови од ноември, а на почетокот на декември, ќе се создадат и услови за снег..

 
 
16.11.2016 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега